1&1 Drillisch го прифати договорот за роаминг на Telefonica Deutschland

од Stefanija Kuzmanovska

Telefonica го стави на маса новиот договор во февруари, откако двете компании не можеа да ги договорат условите, но сепак успеаја да ги испеглаат разликите.

1&1 Drillisch – која претходно во април го промени своето име во 1&1 – и Telefonica Deutschland (која работи во рамките на брендот O2 во Германија) конечно ги договорија деталите на нивниот договор за роаминг.

Се чини дека извештаите дека постигнале договор во февруари беа нешто преуранети, но договорот сега е заклучен.

Условите на договорот во голема мерка се доверливи, но 1&1 во следните пет години ќе им служи на своите претплатници во роаминг на националната инфраструктура на Telefonica.

На крајот од тие пет годинипостои можност за продолжување на договорот за уште два петгодишни периоди, иако се уште ќе се преговара за втората можност.

1&1 мора да го искористи времето за изградба на сопствена мрежа за да ги исполни условите на својата контроверзната национална 5G лиценца што ја доби во 2019 година.

Германскиот регулатор ја искористи аукцијата на 5Gспектарот како прилика за доделување лиценца на четврти национален оператор. Оваа одлука беше оспорена пред судовите и незадоволните носители ја испратија до Европската комисија, но сепак остана на сила.

Победа за двете страни?

Telefonicaво соопштение истакна: „Како што беше планирано, компаниите со потпишувањето на овој договор го ставаат своето долгорочно партнерство на нова договорна основа. Со NRA [Национален договор за роаминг], Telefonica Deutschland обезбедува долгорочни вредни приливи на приходи“.

Тензиите помеѓу Telefonica Deutschland и 1 & 1 Drillisch почнаа во септември минатата година, откако втората компанија се пожали на зголемувањето на цените на мрежата домаќин и тврдеше дека Telefonica ги прекршила условите за цени, на кои се согласила кога во 2014. година го купила E-Plus.

Сопственикот на 1&1 Drillisch, компанијата United Internet подоцна објави дека зголемувањето на цената во периодот помеѓу јули и крајот на минатата година ја чинел 34,4 милиони евра, но рече дека ќе ја надомести загубата во првата половина на оваа година.

Telefonica даде нова понуда во октомври, која не ја задоволи 1&1 Drillisch,по што го однесе проблемот до Европската комисија.

По истрагата, Комисијата застана на страната на 1&1 Drillisch и и нареди на Telefonica да даде подобра понуда, која се чини дека е прифатлива.

Сега 1 & 1 Drillisch може да се позанимава со малиот проблем на изградба на нова национална 5G мрежа.

Слични содржини