10 ГОДИНИ ГО ЧУВАЛА ТЕЛОТО НА МРТВАТА МАЈКА: Откриени шокантни детали за време на испрашувањето

од Nikola Popovski

Полицијата во Јапонија уапси жена откако телото на нејзината мртва мајка било пронајдено во замрзнувачот во станот, пишува BBC во саботата.

48-годишната Јуми Јошино изјавила дека нејзината мајка е пронајдена мртва и го сокрила телото пред 10 години затоа што „не сакала да се исели“ од домот во Токио што го делеле, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори.

На замрзнатото тело немало видливи рани, соопшти полицијата.

Полицијата не може да ги утврди времето и причината за смртта на жената.

Телото, наводно, го открила чистачка откако г-ѓа Јошино морала да го напушти станот, бидејќи не плаќала кирија.

Телото е свиткано за да се смести во замрзнувачот, соопшти полицијата.

Јошино била уапсена вчера во хотел во градот Чиби, во близина на Токио.

Слични содржини