10 илјади „Фајзер“ вакцини се очекуваат в понеделник

од Viktor Jovanov

10 илјади „Фајзер“ вакцини се очекува в понеделник да пристигнат на скопскиот аеродром. Според информациите од Министерството за здравство истите ќе бидат дирекно сместени во фрижидерите, а ќе се аплицираат тековно со цел да продолжи и да не се изгуби темпото на имунизација.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека за евентуални идни набавки ќе се бараат стратешки партнери. Според него, процесот на факцинација досега добро се одвива.

-Отприлика околу 13 илјади граѓани се вакцинирани со вакцината Астразенека, останатите се веќе распределени по институциите и пунктовите ширум државата и тоа продолжува со истата динамика. Зголемена фрекфенција на закажување ќе има во текот на оваа недела, рече Филипче.

Според официјалните бројки со коишто располагаат здравствените власти досега вакцинирани се  35 илјади лица во земјава. Голем дел од нив извесно време по примената вакцина се упатуваат на проверка за антитела.

loading...

Слични содржини