10 карактеристики со кои французинките ги доведуваат мажите до лудило

Французите имаат една изрека до која се придржуваат: „Доколку сакате да фатите пчела, уловете ја со мед, никогаш со сирење“.

1. Се смеат дури и кога не им е до смеење

Секогаш смејте се, дури и кога душата ви е ранета. Луѓето сакаат насмеани лица, бидејќи зрачат со позитивна енергија.

2. Тие живеат по правилото: Убаво изгледај, чувствувај се убаво

Французинките изгледаат убаво во сите можни околности, дури и кога одат до продавница. Ретко ќе сретнете французинка која ќе биде облечена во тренерки и несредена коса.

3. Знаат колку вредат

Французинките се познаваат себеси и знаат колку вредат и се држат до себе. Тие се независни жени кои мудро го користат својот ум.

4. Не им се плашат на мажите

Француската култура не ги одвојува момчињата од девојчињата, тие се третирани исто. Можеби тоа е причината поради која имаат далеку помалку табу теми.

5. Независни се

Тие го ценат својот личен простор, дури и во бракот. французинките не бараат мажот да ги усреќи, таа сама си ја прави својата среќа.

6. Романтични се

Во Франција воздухот е полн со романтика, затоа никој не може да остане рамнодушен. Тие сакаат да се бакнуваат, да флертуваат, имаат нежна насмевка и жив поглед.

7. Секогаш се секси, никогаш вулгарни

Французите ја фаворизираат сензуалноста и сексуалноста и таму се смета дека тоа е начин за изразување на естетиката.

8. Не очекуваат мажите да им симнуваат ѕвезди.

Тие не го бараат принцот на белиот коњ, бидејќи знаат дека тој не постои.

9. Страсни се

Французинките уживаат во добрата храна, вкусните пијалоци, бакнежите и сексот. И тоа по тој редослед.

10. Тие знаат што сакаат и кога сакаат

Поради тоа многумина мислат дека французинките се недостапни, но тие едноставно не трошат време на погрешни луѓе и оние кои не ги интересираат.

Слични содржини