Денеска постои навистина широк избор на филмови за секаков вкус, а доколку немате идеја што да гледате BrightSide издвои 10 напнати филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

1. The Others (2001)

Грејс (Никол Кидман) со своите две деца се доселува во голема изолирана куќа на остров. Бидејќи децата и се многу осетливи на светлица, сите врати во куќата мора постојано да бидат затворени. Грејс наскоро сфаќа дека таа и нејзините деца не се сами во куќата.

2. Mulholland Drive (2002)

Приказна за жена која по сообраќајната несреќа го изгубила помнењето и се обидува да ги спои деловите од своето минато и открива тајни кои се кријат во нејзе. Што повеќе се присетува, станува се помрачна. Овој филм ќе ве сржи во неизвесност во самиот крај, а би можел да ги изненади и најпребирливите гледачи.

3. Cloud Atlas (2012)

Овој филм е режиран од дури тројца режисери и е комбинација од шест приказни кои се случуваат од 19 до 24 век, а се испреплетуваат на начини на кој најмалку би очекувале. Филмот покажува дека секој ваш избор има последици врз иднината.

4. The Village (2004)

Жителите на малото село во 19 век стравуваат од ужасните суштества кои се кријат во шумата. Никој не се осмелува да го напушти селото, но главниот лик е принуден да го напушти домот за да ги купи неопходните лекови.

5. Get Out (2017)

Овој напнат хорор почнува така што младиот црнец ја посетува фамилијата на својата девојка, белкиња. На почетокот се е нормално, но малку по малку тој почнува да сфаќа дека нешто многу чудно се случува и дека постои причина поради која го повикале.

6. Ex Machina (2014)

Младиот инжењер Кејлеб учествува во експериментот со роботот кој изгледа како жена, Ава. За време на експериментот, Кејлеб се заљубува во Ава, но оваа приказна нема среќен крај.

7. Arrival (2016)

Докторката Луис Бенкс, која само што ја изгубила својата единствена ќерка, добива повик од војската да им помогн со комуникацијата со мистериозната вселенска раса. Кога конечно ќе го разбере нивниот комплициран јазик, Луис ќе открие како токму тој би и помогнал да го смени минатото.

8. 10 Cloverfield Land (2016)

Откако доживува сообраќајна несреќа, Мишел се буди затворена во подрум со маж кој тврди дека ја спасил од хемиска катастрофа и дека расата на луѓето е уништена од вонземјани и дека неговиот бункер е единственото место на земјата каде може да се преживее. Кога најпосле ќе усмее да побегне, сфаќа дека тој ја зборувал вистината, но тогаш работите почнуваат да се комплицираат.

9. Certified Copy (2010)

Џејмс е британски автор кој доаѓа во мал град во Тоскана на конференција. Во кафулето запознава жена за која сопственикот мисли дека му е сопруга. Двајцата одлучуваат да ја прифатат играта и глумат дека се пар, но наскоро тоа се покажува како лоша идеја.

10. Gone Girl (2014)

Кога Ник ќе с врати дома за да ја прослави петгодишнината од бракот, наоѓа траги од напад, а неговата жена е исчезната и пријавува во полиција. Наскоро тој станува главен осомничен, но дури подоцна доаѓа до вистинскиот пресврт.

Слични содржини