Ако имате Вага во животот, не дозволувајте си да ја изгубите, бидејќи овој знак има карактер благодарение на кој може да направи сѐ да изгледа во ред. Прочитајте ги 20-те животни принципи според кои се води Вагата.
1. Премногу размислувам. За секоја ситуација смислувам по 10 можни сценарија пред навистина да се случи.
2. Никогаш не може да знаете со сигурност што се случува во мојата глава, бидејќи и самиот/самата сум често во битка со себеси.
3. Може да имам 100 обожаватели, но тоа нема да ми биде воопшто важно, бидејќи кога покрај себе имам некој што ми се допаѓа, моите очи ја гледаат само таа личност.
4. Не можам да живеам без музика. Уживам во шопинг. Обожавам личности кои не се плашат да ја покажат својата заинтересираност кон мене.
5. Кога се чувствувам тажно, потребен ми е некој кој ќе ми ги одвлече мислите, но уште повеќе, некој кој ќе ме натера да се соочам со моите проблеми.
6. Мојата најголема слабост е што си ги запоставувам своите потреби на сметка на туѓите.
7. Едно од најдобрите чувства е кога ќе запознаам некоја нова личност и веднаш ќе се погодиме.
8. Ако некој навистина ми се допаѓа, ќе му бидам на располагање 24/7 и секогаш ќе се борам за него/неа.
9. Сите имаме проблеми. Јас само знам подобро да ги сокријам од другите луѓе. Не сакам моите чувства да влијаат на расположението на оние околу мене.
10. Кога некој се обидува да ме импресионира, најважни ми се малите, навидум незначајни работи, кои можеби се невидливи за останатите.