100 дена до почетокот на Олимписките игри во Токио

од Stefanija Kuzmanovska

Одложените Олимписки игри во Токио ќе започнат за 100 дена, а најдобрите спортисти во светот ќе се натпреваруваат во главниот град на Јапонија за престижни олимписки медали од 23 јули до 8 август.

„На Олимписките игри во Токио ќе ја славиме солидарноста на целото човештво. Целиот свет наиде на неочекувана криза и пандемија, а организацискиот комитет на „Токио 2020“ е решен да им даде на сите луѓе надеж ова лето дека светло на крајот од тунелот нè чека наскоро. И покрај тешката година што ја оставивме зад нас, спортистите дадоа се од себе да тренираат напорно и едвај чекаме да ги видиме во Токио, за заедно да ги прославиме успесите“, рече Сеико Хашимото, претседател на Организацискиот Комитет на игрите во Токио по повод 100 дена пред најголемиот спортски фестивал во светот.

Слични содржини