105 инспектори се потпишаа на петицијата за одбрана на директорот Пауновски

од Берта Китинска

Денеска состанокот одржаа  пазарните инспектори кои застанаа во одбрана зад својот директор Стојко Пауновски и премиерот Зоран Заев.

На петицијата која е потпишана од 105 лица која што ја објави телевизија Алсат , од профилите што работат во оваа институција,  има инспектори со факултет за архитектура, филозофија, физичко образование итн.

Заев во вчерашната изјава напомена дека ќе ги прими инспекторите, но останува на ставот директорот на инспекторатот да биде разрешен.

-Ќе имам средба со инспекторите кои сакаат да ми ја достават петицијата која ја имаат потпишано, изјави Заев кој  порача дека останува на ставот дека првиот човек на Пазарниот инспекторат, треба да се разреши.

Слични содржини