Група вооружени лица отвориле оган врз граѓаните во еден бар во Бразил.

“Стрелањето” беше потврдено од државните институции и официјални претставници, пишува Гардијан.

Локалните медиуми објавија дека во нападот загинале 11 лица. Тие беа нападнати од 7 мажи вооружени со огнено оружје.

 Нападот бил во градот Белем, кој се наоѓа во северната провинција Пара.

Беше објавено дека мажите пристигнале во барот со 3 автомобили и 1 мотор. Првично, тие убиле 6 жени и еден маж. Речиси сите биле  застрелани во главата, информира секретарот за јавна безбедност во провинцијата Валас Мачадо.

“Водиме истрагата по неколку линии кои засега се доверливи. Сите верзии ќе бидат анализирани внимателно и  многу строго”, рече Мачадо на вонреден брифинг.

Во моментот, мотивот за нападот останува нејасен.