Приведени двајца со лажни ПЦР тестови

од Andreja Salpe

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело фалсификување.

Во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица.

Слични содржини