12-годишно девојче почина од коронавирус во Нови Пазар

од Nikola Popovski

Дванаесетгодишната Х. Д. од Тутин, Србија почина пред неколку дена во Општата болница Нови Пазар од последиците на коронавирусот, објавија српските медиуми, пренесувајќи изјава од таа медицинска установа.

Ова е најмладата жртва на коронавирус во Србија.

Како што прецизираат, таа била примена на Одделот за педијатрија во 17 часот и 16 минути, каде што била донесена со брза помош од локалниот здравствен центар во Тутин во тешка општа состојба и придружена од медицински персонал.

По приемот, таа била подложена на дијагностички процедури и започнала терапија, но и покрај напорите, се случило дополнително влошување на состојбата и се случила смрт.

– Врз основа на целосната клиничка слика и текот на болеста кај детето, потоа резултатите од сите анализи, земајќи ги предвид податоците за претходно дијагностицирани болести, најверојатно станува збор за фатален исход предизвикан од имунолошки компликации кај средината на претходната инфекција со вирусот САРС КОВ-2., т.н. мултисистемски воспалителен пост-ковид синдром“, стои во извештајот од болницата, додавајќи дека смртта се случила истиот ден во 20.10 часот.

Според српските медиуми, никој во семејството не бил позитивен на коронавирусот во времето кога била донесена во болницата. Девојчето немало пулс и се наоѓало во сериозна здравствена состојба.

Слични содржини