Британската полиција експлозијата во Ливерпул ја третира како терористички инцидент

од Milan1

Британската полиција денеска соопшти дека експлозијата во такси возило пред болница во Ливерпул во која загина едно лице се третира како терористички инцидент, но дека засега не е јасен мотивот.

Експлозијата што се случи вчера била предизвикана од импровизирана експлозивна направа, изјави Рас Џексон, шеф на антитерористичкиот оддел на полицијата на северозападна Англија.

Тој рече дека во тек е истрага за да се утврди како е направена направата и мотивот за инцидентот за да се види дали некој друг е вмешан.

Во експлозијата загина маж кој бил сопатник во такси, а таксистот е повреден.

Тројца мажи на возраст меѓу 21 и 29 години се уапсени согласно Законот за тероризам.

Градоначалничката на Ливерпул изјави дека брзото дејствување на таксистот спречило можна катастрофа. Таа рече дека таксистот ја заклучил вратата од своето такси за патникот да не може да излезе.

„Таксистот со херојски напори успеа да спречи нешто што можеше да биде страшна трагедија во болницата“, изјави таа за Би-Би-Си.

Таксистот е хоспотализиран, но неговата состојба не е опасна по живот.

 

Слични содржини