123 лица оздравеле од коронавирус, повеќето се од Скопје

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа оздравеле 123 заболени од коронавирус, соопштија од Министерството за здравство.

Од 123-те оздравени лица кои ги регистрира денеска Институтот за јавно здравје 77 се од Скопје, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3848, активни 1830
• Куманово 854, активни 186
• Дебар 151, активни 89
• Штип 444, активни 172
• Прилеп 296, активни 63
• Тетово 868, активни 320
• Струга 320, активни 161
• Велес 202, активни 35
• Битола 69, активни 26
• Охрид 225, активни 133
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 229, активни 143
• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 15
• Пробиштип 36, активни 24
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 8, активни 4
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 117, активни 110
• Кичево 73, активни 62
• Ресен 138, активни 82
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Слични содржини