Претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на ЗОИ 2022

од Vladimir Zorba

Денес во просториите на МОК беше претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 и тоа во следниот состав:

– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Ставре Јада се заблагодари на МОК посебно за делот на финансирањето и на доделените 54.000 американски долари за припреми и учество на натпревари. Истиот износ, по 54.000 американски долари беа инвестиран и во Михаела Даноска и Мирко Лазаревски кои за жал не успеаја да обезбедат Олимписка норма.

Дардан Дехари доби посебна финансиска помош од 300.000 денари за своите завршни подготовки.

Поставени се строги правила во поглед на Ковид пандемијата и сите учесници на олимпијадата ќе бидат под строго контролирани и поставени мерки на кои ќе мора да се придржуваат во текот на нивниот престој во Кина.

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Слични содржини