Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 година од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 120 милиони евра (7.458.790.588 денари). Значи 125 милиони евра тежат проектите за нови булевари, паркови, нови градинки, училишта и редица други проекти. Од најголемата до најмалата општина, рече на отворањето на првиот политички саем на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
– Ако е главната забелешка зошто заедно со градоначалниците работам да се реализираат проекти за народот, ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела, посочи Мицкоски.
Тој не пропушти да нагласи дека овие резултати во локалната самоуправа се постигнати во услови на тешка економска и политичка криза и грчевита борба со централната власт.