Даниловски: Пандемијава ни ја тресна в очи вистината, граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката

од Маја Анчевска

Иако поминаа две години од појава на КОВИД-19, таа сеуште не демнее, но може да се рече дека е во поблака форма. Во последното деноќие се регистрирани 277 нови позитивни случаи, а 14 лица го загубија животот.

Оттука епидемилогот, др. Драган Даниловскиж изнесе свој став на неговиот ФБ. профил, сметајќи дека пандемијава ни ја треснала в очи вистината, дека сме живееле во општества-холограми.

– Имаме здравствен систем на стаклени нозе.,  немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви, немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем, немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.,политиката е поважна од науката.

и дека бизнисот е поважен од човечките животи, смета докторот.

Според него треба за  утеха да ни не тоа што се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажл, помалку или повеќе, исти симптоми.

– Народот нема доверб во институциите на власта., огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес., нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен., основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките, вели Даниловски, додавјќи дека заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.

Неговиот заклучок е  дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“.

– Дефинитивно е време за тотален „ресет“, напиша тој.

 

 

Слични содржини