Османи: Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога говорел за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен.

-Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика меѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението, потенцираше Османи во „Студио 10“

Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека за ова прашање ќе го има потребното 2/3 мнозинство и очекува предлогот да помине со 118 гласови во Собранието.

Слични содржини