13,5 милиони прегледи: Доктор објасни зошто коронавирусот се разликува од грип

Докторот Хју Монтгомери објасни зошто коронавирусот се разликува од обичен грип.

„Доколку добијам нормален гриш, ќе заразам во просек околу 1,3 или 1,4 луѓе. Лицата кои добиле грип од мене ќе го пренесат на другите и така понатаму. Кога тоа ќе се случи, ќе бидам одговорен за 14 случаи на грип“, објаснил докторот.

„Коронавирусот е многу заразен па секоја личност го пренесува на три други. Тоа сега не прави некоја разлика, но доколку продолжи да се пренесува од личност на личност, за многу кратко време ќе бидам одговорен за зараза на 59.000 луѓе. Повеќето ќе се чувствуваат малку лошо и ќе бидат во ред, но ќе го шират наоколу. А неколку ќе се разболат на 10 ден, па ќе мораат во болниза. Кога ќе бидат во болница ќе потрошат ресурси и време, а луѓето ќе се грижат за нив. Доколку дојдат на интезивна нега, тоа ќе значи живот, доколку сте критично болести, дали се спасува или не“, продолжил Монтгомери.

„Ве молам, само сетете се, најдобра прилика за луѓето кои ќе се разболат можеме да им дадеме доволно ресурси – доколку имаме доволно кревети, доволно персонал и опрема и да можеме да бидеме тука за вас. Доколку сте неодговорни и мислите дека грипот не ви смета, сетете се дека не станува збор за вас, туку за сите останати“, заклучил докторот.

Видеото на Твитер е погледнато повеќе од 13,5 милиони пати.

Слични содржини