130 луѓе сметаат дека нивен татко е педофилот Епштајн: Секој сака дел од неговото богатство вредно 635 милиони

од Vladimir Zorba

На веб-страницата креирана од ДНК компанија за пронаоѓање можни наследници на имотот на починатиот милијардер Џефри Епштајн, се вели дека дури 130 луѓе мислат дека се деца на осудениот педофил.

Доколку се докаже дека се деца на мултимилионерот, тие можат да аплицираат за дел од неговиот имот од 635 милиони американски долари, што вклучува вила во Менхетен и луксузен имот наречен „педофилски остров“.

Епштајн, кој се самоуби во својата затворска ќелија во август минатата година, додека чекаше судење за трговија со луѓе, никогаш не се ожени и не е познато дека има деца.

ДНК фирмата го отвори сајтот веднаш по неговата смрт, барајќи да се јават луѓе кои сметале дека се наследници на неговиот имот.

Оттогаш, 368 луѓе ја контактирале на веб-страницата, а 130 од нив велат дека би можеле да бидат негови деца.

Слични содржини