Поради „неоправдани“ ученик се заканил со бомба

од desk4

Полицијата во српскиот град Пирот го уапсила М.А.(19) поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тинејџерот е осомничен дека му се заканил на наставник во гимназија во Бабушница дека ќе донесе бомба во училиштето и „ќе реши се“, откако тој го предупредил да се грижи за неоправданите отсуства.

Полицијата веднаш извршила претрес во неговиот стан, но не пронашла експлозивни направи или оружје.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство – Пирот, соопшти денеска тамошната полиција

Слични содржини