139 нови случаи на ковид-19 – пријавено едно починато лице

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови. Починато на ден 01.05.2022 година.

Направени се 1.424 тестови преку: ИЈЗ-167, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-29, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-33, Синлаб-6, Ремедика-12, Плодност-21, Генеа-6, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 586.

Досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672.

Слични содржини