14-годишната Вања се најде на листата на МВР за исчезнати лица

од Nikola Popovski

Повеќе од 24 часа, сè уште интензивно се трага по тинејџерка Вања Ѓорчевска која вчера утрото исчезна, откако излегла од дома и се упатила кон Основното училиште „Песталоци“. Полицијата ја продолжува потрагата. Се испитуваат лица, се анализираат камерите во објектите покрај кои вообичаено минувала на пат кон училиштето.

Попладнево, Министерството за внатрешни работи со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

-ЃОРЧЕВСКА ВАЊА – татко Александар, мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.

Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон, стои во објавата на МВР.

Вчера во 8.35 часот, мајката Зорица ја пријавила Вања за исчезната.

Слични содржини