14 прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово

од Vladimir Zorba

Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник).

„Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик“, посочија од МВР.

Слични содржини