Членови на руската група “Пуси Рајт” (Pussy Riot) добија 15 дена затвор за влезот  на теренот за време на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Франција и Хрватска во Русија, информира АФП.

Московски суд осуди Вероника Никулшина, Олга Курачева, Олга Пахтусова и Пјотр Верзилов на 15 дена затвор  и исто им забрани да посетуваат спортски настани за период од три години.

Тие се обвинети за ” грубо кршење на правилата за однесување на гледачите ” и им е изречена максимална казна за  тоа обвинение.

Четворицата упаднаа на теренот и накратко го прекинаа натпреварот во второто полувреме, каде во публиката беа и   претседателите на Русија Владимир Путин и на Франција Емануел Макрон.

Музичката група веднаш пушти порака на социјалната мрежа, преземајќи одговорност за протестот и објавува листа на шест политички барања , вклучувајќи ослободување на сите политички затвореници, престанок на апсењата на мирни демонстрации и да се “овозможи политичка конкуренција во земјата”.

Тие  станаа познат по спроведувањето на протест против Путин во црква во централна Москва во февруари 2012 година.

Тројца членови на групата беа осудени за хулиганизам мотивиран од верска омраза . Тужбата предизвика широк меѓународен одговор.

Надежда Толоконникова и Марија Аљохина беа ослободени по истекот на 22 месеци од нивната   двегодишна затворска казна. Екатерина Самушевиќ доби условна казна.