16 дриблинзи против Аталанта и натпревар на сезоната во ЛШ: Уживајте! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Првата sвезда на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар, постави сезонски рекорд во ЛШ за бројот на дриблинзи во еден натпревар, откако имаше 16 од нив против навистина одличната Аталанта!

Претходни носители на рекордот беа Лионел Меси и Лоренцо Инсиње со по 11.

Нејмар на тој начин се изедначи на првото место со Меси, кој имаше ист број против Манчестер Јунајтед во 2008 година, и Хавиер Занети, кој стигна до ист број против Киевски Динамо во 2003 година.

Патем, Нејмар направи 16 дриблинзи од 20 обиди. Тој направи девет фаули, создаде пет шанси, има една асистенција и победи на 25 од 32 дуели во натпреварот. Покрај тоа, тој имал завршено 44 пасови, од кои 19 во последната третина од теренот, како и 113 контакти со топката.

Навистина одлична партија! Уживајте:

Слични содржини