17-годишна кумановка загина во сообраќајка

од Nikola Popovski

Еден час по полноќ на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

Слични содржини