17 корисници употребуваат 30% од електричната енергија, тврди Битиќи

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вечерва информираше дека 17 корисници кои што се во сегментот на регулиран пазар употребуваат 30% од електричната енергија, која што се продава на регулираниот пазар.

-Секако, тоа не сме ние како домаќинства. Ако се во функција на производство, не треба да бидат на регулиран пазар. Тоа значи дека земаат струја од секое едно домаќинство и прават штета на другата страна. Ги знаат во РКЕ. Ќе се справиме со нив така што, со тарифниот модел кој што го воспоставуваме, автоматски ќе излезат од регулираниот пазар. Тоа значи дека ќе ни се ослободи 20% од струјата, за да ја ставиме во функција на стопанството, рече Битиќи.

Вицепремиерот исто така додаде дека спасени преку 60.000 работни места, во изминатиот период од две години додека траеше кризата.

-Две години повторуваме дека сме во криза. Прво здравствена поради глобалната пандемија, и сега најново со војната во Украина. Ние спасивме преку 60 илјади место, наспроти 19 илјади загубени работни места. Ќе беше многу тешко да се загубеа уште 60 илјади, појасни Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини