17 уапсени во инциденти на протест во Лондон против реизборот на Дејвид Камерон

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Неколку стотина демонстранти се судрија денеска со полицијата во Лондон за време на протест поради повторниот избор на конзервативниот премиер Дејвид Камерон.

2110801967

Демонстрантите, кои удираа со шипки и извикуваа пцовки, фрлаа со шишиња, лименки и димни бомби врз полицијата пред портата на резиденцијата на премиерот на Даунинг стрит.

Полицијата уапси 17 лица, а во судирите се повредени четворица полицајци и уште еден службеник на полицијата.

2110801970

Скотланд јард собирот го оцени како спонтан протест против мерките за штедење.

Камерон, чија влада се залага за строги мерки за штедење и намалување на буџетскиот дефицит, на изборите во четвтрокот освои втор петгодишен мандат на функцијата прв премиер на владата.

Слични содржини