174 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за пребрзо возење, 18 возачи под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 18 мерки за недавање првенство на минување на пешаци,17 за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест за користење на мобилен телефон, пет санкции за возачи-почетници, три за нерегистрирани возила…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.

Слични содржини