176 возачи возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski

МВР санкционирала 176 возачи во последното деноноќие кои возеле под дејство на алкохол.

„Тие се веднаш исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17…“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, објави МВР.

Слични содржини