18-годишна девојка од Гевгелија го загуби животот од Ковид-19

од Nikola Popovski

Во последниот ковид-пресек на Министерството за здравство за состојбата со короновирусот, денеска беше соопштено дека меѓу починатите во изминатите 24 часа е и лице на 18-годишна возраст од Гевгелија.

Според неофицијалните информации, пациентката била бремена.

Од Министерството за здравство велат дека пациентката имала повеќе хронични заболувања.

Девојката побарала лекарска помош во доцна фаза од развојот на симптомите односно била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба.

Според епидемиолошката анкета, целото семејство било позитивно на коронавирус, а младата девојка не била вакцинирана.

Слични содржини