18 лица ја загубија битката со корона, од кои осум во периодот од 7. до 15. февруари

од Nikola Popovski

Последниот ковид-пресек покажа и дека 10 лица го загубиле животот.

Црниот биланс по градови изнесува 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица,  7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини