18 лица починаа од коронавирус, најмладиот на 41-годишна возраст

од Nikola Popovski

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во последното деноноќие пријавени се вкупно 18 починати лица.

Билансот по градови е: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.

Слични содржини