18 нови позитивни на коронавирус во земјава, вкупниот број денес е 219 лица

од Берта Китинска

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус, соопштија од МЗ.

Во Скопје се 11, во Прилеп 4, во Куманово 2 и еден во Тетово, соопшти Министерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).

Слични содржини