188 санкционирани возачи во Скопје, 18 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, три мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…

Слични содржини