197 санкционирани возачи во Скопје, 49 во алкохолизирана состојба

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 49, 20 санкции за возење без возачка дозвола, 37 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.

Слични содржини