197 сообраќајни прекршоци во Скопје, 15 без возачка

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 26 мерки за непрописно престројување на возила.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет мерки за користење мобилен телефон…

Слични содржини