199 сообраќаjни прекршоци во Скопје, 100 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 14 за управување под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, 3 за некористиње на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 29 за непрописно паркирање.

Слични содржини