2.000 луѓе примиле вакцина против корона со ИСТЕЧЕН РОК!

од Nikola Popovski

Во два града во Германија неодамна биле вакцинирани две илјади луѓе со вакцина против корона со поминат рок. На почетокот на јануари во Центарот за вакцинација во Инголштат бил даден рокот на употреба на вакцината Фајзер, а истото се случи и во Еберсберг, пренесува „Poslovni.hr“.

Властите на Горна Баварија соопштија дека вакцината, која истекла еден ден претходно, случајно била дадена на 4 и 5 јануари.

Со вакцината се вакцинирани 201 лице, а со сличен инцидент во Центарот за вакцинација Еберсберг, ова е единствен случај во Горна Баварија, каде е дадена вакцина чиј рок на траење е надминат.

Според податоците на Министерството за здравство, ова засега се единствените познати случаи низ Баварија, а ќе бидат поканети и оние кои ги примиле спорните вакцини наведените денови.

Медицинската управа на Центарот нагласи дека ваквите вакцини се безбедни по здравјето.

Досегашното искуство сугерира дека и покрај краткотрајното истекување на вакцината, постои заштита.

За проверката на пациентите им се нуди бесплатна анализа на крвта за утврдување на антитела, а доколку има потреба ќе бидат повторно вакцинирани, соопштија од надлежниот центар за вакцинација.

Слични содржини