20-годишно момче прегази жена во Битола

од Radmila Tasevska

Вчера попладне во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари, битолско, удрило во Б.С.(75) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Слични содржини