200.000 вакцини „Синофарм“ пристигнуваат во земјата

од Берта Китинска

Министерството за здравство вечерва соопшти дека кинеските вакцини „Синофарм“, наместо во 5 часот изутрина, ќе пристигнат два часа подоцна, односно во 7 часот.

Во земјава треба се очекуваат вкупно 200 000 вакцини „Синофарм“ купени во директни преговори со производителот.

По тој повод, пред поликлиниката „Јане Сандански” најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Србија ѝ донираше уште 13.000 руски вакцини

„Србија ѝ донираше дополнителни 13.000 вакцини Спутник V на С. Македонија“, изјави а премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека досега на нашата земја ѝ се донирани вкупно 48.000 вакцини.

По посетата на термоцентралата, Брнабиќ пред новинарите во Костолац изјавила дека дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ биле доставени до С. Македонија доцна синоќа, како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

На веб страницата vakcinacija.mk  е објавено дека досега вакцина против Ковид-19 примиле 55 926 граѓани, а за вакцинација се пријавени 207 332 граѓани. Во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

 

 

 

 

 

Слични содржини