200 Словенци добиле порака по грешка: „Ќе бидете уапсени“

од Nikola Popovski

Околу 200 корисници на владини електронски услуги денес добиле порака даочекуваат дека ќе бидат уапсени, што се покажа дека е испратено по грешка од словенечкото Министерство за надворешни работи.

Имено, тоа Министерство само го тестирало масовното испраќање на пораки, што ќе се користи за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, со цел да ги информира лицата кои аплицирале за електронско следење на настаните за промените во датумите на тие настани.

„Сите ќе бидете уапсени“, било напишано во пораката, која ја добиле околу 200 корисници, но 45 минути подоцна корисниците добиле друга порака со извинување.

Како што е наведено, станува збор за „човечка грешка“.

Слични содржини