2018 – Година на скапи и „кревки“ телефони

од Vladimir Zorba

Времињата на пластичните телефони помина неповратно и веќе е незамисливо да се појави модел од висока класа, кој е без конструкција од метал, стакло или дури керамика. Сите очекуваме од премиум моделите поквалитетни материјали на изработка и во тоа нема ништо необично, бидејќи и без тоа треба да платиме сериозна сума, за да се здобиеме со најдоброто од Apple, Samsung, Huawei, HTC или Sony. Во текот на годините, преференциите на производителите кон стаклото и металот беа речиси израмнети, но по се изгледа дека оваа година овој баланс ќе се промени во корист на стаклото.

Ако погледнете наоколу, ќе видите дека речиси сите нови предводници телефони се потпираат на стаклените задни панели. Така смартфоните од висока класа не само што станаа поскапи, но веќе се значително покршливи, што за возврат значи дека треба да ги подготвиме за поголеми трошоци за поправка по инциденти, во кои е вмешана гравитацијата. Од почетокот на годината таканаречениот дизајн „стаклен сендвич“, кој вклучува два стаклени панели и метална рамка, се појави во премиум моделите на компании како HMD Global (Nokia), Samsung, Sony, Huawei и Asus. Наскоро очекуваме оваа комбинација на материјали да најде место и во новите предводници на LG, HTC, Motorola и OnePlus.

Подоцна во текот на годината и Apple ќе го прошири своето портфолио на телефони со стаклени грбови, но се зборува дека освен нив ќе има и модел со метално куќиште. Признаваме дека стаклото изгледа многу ефектно – доволно е да фрлите поглед на телефоните на Samsung, Huawei и HTC за да ја видите таа игра на светлината, која постојано ја менува бојата на телефонот. Стаклото ја олеснува работата на различните безжични функции на уредите и овозможува додавање на можност за безжично полнење, но засега таа се уште е релативно слабо распространета. Со тоа како да се исцрпени предностите на стаклото како структурен материјал.

Од друга страна, можеме да помислиме на многу повеќе минуси. За разлика од металните панели, кои при паѓање едноставно ќе се изгребат, нивните стаклени аналози речиси сигурно ќе се скршат, што може да доведе до сериозни трошоци за поправка. Да не зборуваме колку отпечатоци од прсти задржуваат и колку лесно се покриваат со гребнатини, а освен тоа се толку лизгави дека уредите можат да „прошетаат“ по површината на која сте ги оставиле. Многу често оваа прошетка исто така завршува со пад – ова ни се случувало многу пати, но за среќа без штета.

Справувањето со масовната употреба на стакло како материјал на задниот панел вклучува инвестиција во квалитетна торбичка што значително може да ги зголеми шансите на телефонот да се „извлече“ неповреден од евентуално паѓање. Од друга страна па ќе се лишите од можноста да го покажете на околните ефектниот дизајн на уредот, во чиј развој производителите сигурно вложиле милиони долари. Нема целосна среќа, но се надеваме догодина трендот ќе доживее пресврт и металните конструкции повторно ќе се вратат во мода.

Слични содржини