2021-ва е совршено време Мекларен да се врати на мотори Мерцедес, смета Браун

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, смета дека 2021 година е совршено време Мекларен да се врати на моторите на Мерцедес. Со оглед на огромните промени што ќе се направат тогаш, тешко дека има подобро време за нова промена. Англискиот тим се „разведе“ од германската компанија на крајот на 2014 година, а една од причините е доаѓањето на Мерцедес со свој „фабрички тим“.

Мекларен помина три многу тешки години со Хонда и две со Рено и до 2019 година не започна да излегува од длабоката криза. Минатата сезона тие завршија на четвртото место кај конструкторите, а Карлос Сајнц го запиша првиот подиум од Бразил 2014 година.

„Сите ќе бидеме на „ист коњ“, во смисла дека 2021 година ќе биде година на големи промени и сите ќе започнеме од нула“, објасни Браун.

„Ова е една од причините што нè натера да ја донесеме таа одлука рано и да имаме што е можно повеќе време. Според мое мислење, 2021 година ќе биде возбудлива година за Ф1 и за навивачите, бидејќи некои ќе се снајдат побрзо, а на други ќе им оди тешко“, додава тој.

Слични содржини