21 нов случај , починал еден човек од ковид

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции.

Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од : Прилеп (72г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица .

Направени се 893 тестови преку: ИЈЗ-44, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-0, Биотек-32, Систина-25, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-10, Генеа-0, Никоб Лаб-146, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 552..

Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.

Слични содржини