22 возачи во Скопје возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski

МВР информира дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

-Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Слични содржини