„24 часа“: Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија

од Берта Китинска

Европската комисија се сомнева за почеток на преговорите.

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.

Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок на 7-ми декември.  За следниот ден е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Северна Македонија.

Слични содржини