24 граѓани не го почитувале полицискиот час, 470 санкции за неносење маска

од Nikola Popovski

МВР информира дека од 20 часот синоќа до 5 часот утрово, 24 лица не ја почитувале забраната за движење.

„Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 470 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Слични содржини