25-годишен скопјанец со Форд удрил велосипедист, починал на лице место

од Vladimir Zorba

На 04.12.2021 во 01.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Маџари“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје.

Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Слични содржини