262 санкционирани возачи во Скопје, 80 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 15 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, девет санкции за возачи почетници, 27 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 31 санкција за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење на сигурносен појас, три санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 56 санкции за непрописно паркирање…

Слични содржини